БК Вардара испрати официјален предлог до на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), до УО, Стручниот совет и тренерот на репрезентацијата на ФБСМ.
Во предлогот се вели во потполност да ја преземат одговорноста за обезбедување на правилни подоготовки, според планот и програмата на тренерот на репрезентацијата, при што бараат истатат да с едостави и до нив, во насока за подобрување на квалитетот за поуспешен настап на Светското првенство во Лас Вегас од 5 до 13 септември.
Како за евидентни и потенцијалните кандидати за состав на репрезентацијата се предлагаат: Кристијан Пешко (- 66 кг) и Тимур Хамикоев (- 85 кг) во грчко-римски стил и во слободен стил Владимир Егоров (- 57 кг), Лабазан Аскербиев (- 61 кг), Александар Павлев (- 70 кг), Халил Зубаиров (-86 кг) и Магомедгаџи Нуров (- 97 кг).
Од Вардар наведуваат дека нивните борачи ги одржале висинските подготовки од 6 до 17 јули и се надеваат дека надлежните органи при ФБСМ и самата Федерација ќе најдат време и место да ги одработат преостанатите две фази за подобрување на психо-физичката и техничко-тактичката подготвеност и со стручна работа да освојат олимимписка норма.
Како стручна помош на репрезентацијата ги нудат: проф. д-р Страшо Глигоров, проф. Љубиша Пешко и главниот тренер на Дагестан и асистент тренер Гајдар Гајдаров.
ipon.mk/В.Д.