Вардар го плаќа цехот на ФБСМ – изземен од Светското купско првенство

vladimir-egorov

Поради суспензијата на Федерацијата на боречки спортови на Македонија (ФБСМ) од страна Обединетото светско борење (ОСБ/UWW) пријавата на БК Вардар е изземена и учеството на Светското клупско првенство во Украина е неизвесно.

„Иако федерациите на Украина и Иран се ажурни пред ОСБ и се залагаат да му се допушти на македонскиот претстваник да учествува во борбата за екипната светска титула во конкуренција на 14 светски клубови“, напиша стратегот на БК Вардар, Љубиша Пешко.

Светското екипно првенство во борење ќе се одржи во  Храков – Украина, од 28 ноември до 2 декември.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО