Варадинова со златен, Арсова со сребрен медал од „Подгорица опен“!

Гладијатор Штип во Подгорица

Викторија Варадинова од ТДК Штип е прва на Меѓународниот турнир „Подгорица опен“ во категоријата до 57 килограми во кадетска конкуренција.

Јована Арсова во истата конкуренција до 55 килограми го освои сребрениот медал.

Ова е убав успех за штипјани пред утрешниот турнир во Скопје. Да потсетиме дека Варадинова паралелно се натпреварува и во кик бокс, а мината недела стана државен првак.

На турнирот учествуваа 250 натпреварувачи од осум држави.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО