Викторија Варадинова и Бобан Илиоски на 5 декмври треба да настапат кик бокс спектаклот „Куп на нациите“ во Нови Сад, Србија, во К1, по професионалните правила.
Професионалните борби на нашите натпреварувачи зависат од епидемилошката состојба со коронавирусот, за што благовремено ќе има известување од организаторот, а тоа е Кик бокс сојузот на Србија.
Варадинова ќе се сретне со Наѓа Милијанчевиќ во категоријата до 58 килограми, а Илиоски ќе ги одмери силите со Никола Тодоровиќ (81 кг).
Кик бокс сојузот на Србија највува дека мечевите ќе се одржат без публика, но ќе биде пренесуван на Јутјуб каналот „Куп нација“.
Борбена карта:
Алекса Гуша – Андрија Јанковиќ (-67 кг)
Александар Милошевиќ – Никола Совиљ (-71 кг)
Наѓа Милијанчевиќ – Викторија Варадинова (-58 кг)
Никола Миjковиќ – Јован Радовановиќ (-88 кг)
Јован Николиќ – Алмин Хоџиќ (-73 кг)
Љубо Јалови – Милош Бајовиќ (-81 кг)
Никола Тодоровиќ – Бобан Илиоски (-81 кг)