Ванхенг Менајотхин ги изедначи 50-0 на Мејведер

Ванхенг Менајотхин го изедначи рекордот на Флојд Мејведер од 50 победи без пораз.

Светскиот шампион на ВБЦ во минималната категорија во тајландскиот град Нахон Рачасим во петата рунда го нокаутира задолжителниот предизвикувач Лерој Естрада (16-3, 6 КО) и девети пат ја одбрани титулата светски првак.

Предизвикувачот од Панама во текот на борбата пет пати заврши на подот.

Сепак, скорот на Мејведер има неспоредливо познајни победи од оние кои ги постигна 32-годишниот шампион во категоријата од 47,6 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО