Ван Дам влезе во кафез со УФЦ шампионот Коди Гарбрант – на крај плачеше на колена (ВИДЕО)

Белгискиот актер Жан Клод Ван Дам во кариерата се „борел“ со многу филмски непријатели и најчесто излегувал како победник, а може да се пофали дека и во приватниот живот достигнал импресивно ниво на владеење со боречките вештини.

Сепак, тоа не беше доволно за правилно да му парира на поранешниот шампион на УФЦ, Коди Гарбрант во кафезот.

Ван Дам пред пет години ја посетил теретаната на познатиот ММА борец и решил да спарингува со Гарбрант, а на сѐ претходела луда ноќ во која се дружеле. Деталите за дружењето и спарингот неодамна ги раскажа Гарбранд во еден американски подкаст за боречки вештини.

“Моите пријатели го изнесоа вечерта пред да оди во теретана. Доцнеше, се испоти од алкохол. Пред спарингот, ми рече дека можеме да се истегнеме, а потоа почна циркусот. Почна да ми ги истегнува нозете на погрешни места, а капки неговата пот капеше насекаде по мене“, изјави Гарбрант, откривајќи како изгледал спарингот:

„Ван Дам го сфати тренингот премногу сериозно. Ме удри со петицата во главата, ми падна точно на средина кога ми ги исфрли забите. Слушнав дека го сторил истото со другите борци. Излегов од октагонот, а потоа тој падна на колена и почна да плаче“.

Ситуацијата ја коментираше и белгискиот актер кој рече дека со клекнување побарал прошка за својот непромислен потег. „Во старите јапонски времиња постоеше обичај дека откако ќе повредиш некого, клекнуваш на колена и молиш за прошка. Очите ми се наполнија со солзи бидејќи се плашев дека неговиот тим повеќе нема да ме сака на тренинг“, изјавил Ван Дам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON