Махачев и Волкановски се договорија за реванш во Абу Даби (ВИДЕО)

Шампионот на УФЦ во лесна категорија Ислам Махачев (24-1) и шампионот во перо категорија Александар Волкановски (25-2) се договорија за реванш во Абу Даби. Тоа се случи зад сцената по УФЦ 284 во Австралија, каде што двајцата се бореа на почетокот на овој месец.

Махачев успеа да победи со едногласна одлука и да ја одбрани титулата. Волкановски не беше задоволен од поразот, кој не му дозволи да стане двоен шампион. На својот Јутјуб канал Алекс објави видео на кое се гледа како двајцата се среќаваат по нивната пресметка.

Ислам и Алекс се прегрнуваат и се договараат за реванш во Абу Даби. Не е познато кога ќе се одржи овој реванш, но најверојатно ќе биде во 2024 година.

Еве што си кажаа двајцата:

Волкановски: „Можеме ли повторно?

Махачев: „Се разбира“.

Волкановски: „Можеби во Абу Даби. Ти тоа го заслужи. Мојот ред е да бидам исвиркан“.

Неколку моменти подоцна, Волкановски го повтори своето барање додека наоколу се собраа повеќе луѓе.

Волкановски: Ќе имаме ли реванш?

Махачев: “Да, зошто да не?”

Менаџерот на Махачев: „Овој пат во Абу Даби“.

Волкановски: „Да, тоа е фер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО