Валуев скокна против допинг-казната на Русија

Поранешниот шампион во бокс во тешка категорија и актуелен пратеник на руската Дума, Николај Валуев, смета дека казната на Ррусија за допинг, изречени од ВАДА, се несоодветни и не се потпираат на вистински докази.

„Го чекаме исходот на жалбата во Судот во Лозана, но мора да запомниме дека во моментов сме казнети без судска одлука. Ние сме единствената страна од која беа побарани и обезбедени сите податоци од лабораторијата за анти-допинг.

Ниту, пак, тие дадоа соодветни докази дека нешто било променето или заменето. Сè е со зборови и затоа ја чекаме судската одлука“, коментира Валуев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО