Сашко Арсовски – најдобриот селектор за 2019-та: Целта во 2020-тата е Олимпијадата во Токио!

Најдобриот тренер за 2019 година во Македонија, Сашко Арсовски, вели дека акцент се става на завршниот квалификациски турнир во мај во Париз за Олмписките игри во Токио 2020 година, каде што каратистите ќе се борат за исполнување на олимписката норма. А таму со најголеми шанси е нашиот најдобар каратист Емил Павлов кој, овој пат, ќе настапи во олмписката категорија до 67 килограми.

„Нема одмор, се подготвуваме за она што не чека во 2020 година, право за нашето Државно првенство, потоа за Премиер лигата во јануари, кој по обичај е најсилниот турнир, па Дубаи и така натаму. Главната цел е исполнување на норма за Олимпијадата во Токио, за што сме  максимално мотивирани“, порача тренерот на сениорската карате репрезентација Сашко Арсовски.

Тој вели дека сега се одржуваат подготовки во Штип, а потоа ќе отидат на друго место. Ветува успешна 2020 година и медали од големите натпреварување.

Оваа година ќе биде предизвик за Емил Павлов, Жарко Арсовски, Берат Јакупи, Петар Спасеновски, Петар Заборски, Доан Османи, Виктор Крстевски, Азиз Исмаил, Глигор Петков, Ангела Мојсовска, Симона Заборска, Сара Радичевска, Моника Пендаровска, Вероника Костовска, Фаик Весели, Драгана Манговска, Пуликсенија Јованоска, Ферри Исиќ, Мартин Стојменов и другите каратисти претенденти за репрезентацијата.  

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО