Валуев: Кличко нема да си замине туку така

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Николај Валуев, изјави дека Владимир Кличко нема да се повлече туку така по поразот од Ентони Џошуа.

„Гледачите го добија она што го сакаа. Причината за поразот на Кличко е кондицијата. Таа веќе не е истата. Противникот беше речиси двојно помлад. Затоа на крајот од средбата младоста и силата дојдоа до израз. Но, тој не победи само со тоа. Познато е дека на Кличко му е непријатно да се бори со повисоки боксери. Дали помина времето на Владимир? Не сметам дека туку така ќе си замине. Додека паричките светат, тој ќе ја продолжи својата кариера“, изјави гигантот за Советскиј спорт“.

https://youtu.be/ubz7rNylreo

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON