Валентина Шевченко се сретна со претседателот на Киргистан (ФОТО)

Шампионката на УФЦ во мува категорија Валентина Шевченко се врати дома. 33-годишната ѕвезда слета во Киргистан, каде ја пречекаа стотина обожаватели. Булет се сретна со Садир Јапаров, кој е претседател на нејзината татковина. Таа се пофали со многу подароци.

Претседателот и подари ширдак, кој е рачно изработен ќилим од филц, лак и чинија. Валентина доби уште еден подарок, а тоа е мало куче од расата алабаи. Шевченко има скор 22-3 во ММА и е во серија од 8 последователни победи.

Оваа година таа двапати ја одбрани титулата со победи над Андраде и Марфи. Валентина веќе има 6 последователни одбрани на титулата и не е јасно кој може да ја симне од тронот.

Фотографии од средбата на Шевченко со Јапаров и навивачите:


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО