Валентин Јовиќ втор на „Ву шу опен Хунгари 2016“

Valentin Jovik so udar

На 19 март на „Ву шу опен Хунгари 2016“ меѓународен турнир на кој учествуваа над 10 земји со 250 натпреварувачи, Валентин Јовиќ (+90 кг) од Велес во боречката дисциплината санда го освои второто место.

Valentin Jovik Veles

По ова Кунг фу ву шу клубот „777“ од Велес во соработка со Школата за ЏКД и кик боксинг на Зоран Петковски, клубот Дантиан ву шу , Кунг фу клубот Струмица Тим зоран продолжуваат со подготовки за следното меѓународно првенство, во Бургас, Бугарија, за да бидат во топ форма во мај. Валентин заедно со Пепи Велков од КФК Струмица Тим зоран ќе патува на Европското првенство во Русија, од кое очекуваме големи успеси.

Инаку на Јовиќ ова не му е прв упех во оваа нова дисциплина на боречката сцена во Македонија. Во 2015 година тој е дел од тимот на холандската школа за мај тај и кик-бокс и се натпреварува во Ц-категорија и го постигнува најголемиот успех.

На Државното првенство организирано од Кик-боксинг федерацијата на Македонија во дисциплината лајтDejan Jovik vo Holandija-контакт (тешка категорија) го освои првото место и стана шампион на Македонија.

„Санда е нова дициплина непозната за нас. Може да се каже дека е една модифицирана спотска верзија на ММА . Фулконтакт дисциплина со примеси и техники на фрлање од џудо. После тејк даун борбата не продолжува“, вели Дејан Јовиќ тренер во КФВШК 777.

Неговиот ученик и син, Валентин Јовиќ, и во оваа година чекори со предизвикот на боречките спортови.

„Во 2016 година натпреварувачот Јовиќ на отворен турнир организиран од Кунг фу ву шу сојузот на Србија во дисциплината санда (+90 кг) го освои првото во место. Во Пригревци на 27 февруари оваа година во организација на клубот Галатик од Сомбор во конкуренција на над 100 натпреварувачи Јовиќ го освои првото место во дисциплината санда (+90 кг)“, истакнува Јовиќ.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON