Во Русија претходниот викенд се случи страшна пресметка која го надмина и хаосот по борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор во 2018 година. Тогаш Хабиб го прескокна октагонот и тргна во пресметка со Дилон Данис кој го навредуваше од публиката.
Сега, целиот тренерски тим на борецот Алим Гугов реши да се пресмета со судијата на натпреварот против Џахадал Аликбеков, кој контроверзно го прекина мечот на овие борци.
Неколку секунди откако судијата ја крена раката на Аликбеков, екипата на поразениот борец скокна во кафезот и почнаа апсолутен хаос.
Вака изгледаше сето тоа…
https://www.instagram.com/p/B9b_li1qrtE/?utm_source=ig_embed