По бруталниот нокаут над Дерек Чисора, Дилиен Вајт од рингот го предизвика шампионот во тешка категорија Ентони Џошуа кој беше во публиката.
Вајт уште не може да се помири со поразот од Џошуа, а и воопшто не се поднесуваат, што беше забележливо и по споменатата борба.
„Јас сум голем воин. Го сакам тоа го*но во рингот“, рече Вајт и покажа кон Џошуа, кој се појави покрај рингот.
Classic Whyte🇯🇲/Joshua🇬🇧 Ringside Post Fight Interview🥊 This was JOKES🤣🤣 Make of it what you will?! #WhyteChisora2🇬🇧🇯🇲🇿🇼 #SkySportsBoxOffice®️🔴⚫️☑️ pic.twitter.com/ri5oghFPWW
— ⚪️BreakingBoxing™©⚫️ (@_Sweet_Science_) December 22, 2018
Џошуа порача дека Вајт ќе си ја добие својата шанса, но во моментов има други планови.
„Ако некој заслужува борба за титула тоа е Дилиен. Вајлдер е во моите планови, но ако не се борам со него, ти ќе ја добиеш борбата“, порача Џошуа.
Борба меѓу Вајт и Џошуа би можела да биде одржана на 13 април, но засега тоа не е сигурно.