Вајт потврди дека Мек Грегор пати од хроничен артритис

На крајот од првaтa рунда на УФЦ 264, Конор Мек Грегор ја скрши ногата во борбата против Дастин Пориер. И додека Американецот тврди дека ногата на Конор му пукнала при еден блокиран удар, ирската ММА ѕвезда откри дека има проблеми со таа повреда веќе некое време.

Спортската комисија во Невада се огради од изјавите на Мек Грегор и тврди дека немала информации дека Ирецот е повреден.

„Луѓето прашуваат кога ја скршив ногата. Прашајте го Дан Вајт, УФЦ и главниот медицински директор Дејвидсон, тие знаеја дека сум повреден пред борбата“, истакна ѕвездата на УФЦ.

Шефот на најсилната светска ММА организација Дана Вајт е добро запознаен со проблемите на левата нога на Конор.

„Тој со години имаше проблеми со скочниот зглоб, а во пресрет на борбата на УФЦ 264 побара дозвола од Комисијата за да ги завитка глуждовите. Спортската комисија го одобри, но не знам зошто не го стори тоа. Конор страда од хроничен артритис на глуждовите“, откри Дана Вајт.

Мек Грегор веќе три часа е на операција и чека подолго закрепнување, а тоа би можело да биде во втората половина на следната година.

„Потребна му е најмалку една година за да ја санира повредата. Не знам кога би можел да им се врати на борбите. Боречките вештини не можат без повреди. Мек Грегор остави длабока трага во УФЦ, а досега заработи добро. Времето ќе покаже кога тој ќе биде подготвен да се врати на борбите“, подвлече Дана Вајт.

Ирецот требаше да има операција на глуждот и долниот дел на ногата одамна. Но, тој вели дека никогаш не би одел на операција ако не му се случеше сега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON