Дана Вајт и откри на фановите колку време ќе мора да почекаат за враќање на Конор Мек Грегор на борбите, но исто така ја коментираше за неговата изјавите за тоа како никој не му одзел појасот.
Конор Мек Грегор по победата над Еди Алварез на УФЦ 205 најави дека тешко повторно ќе го видиме во акција во следните пет или шест месеци. Причина за тоа е фактот дека Ирецот ќе стане татко, тој сака да обезбеди максимална удобност на партнерката.
„Тоа е Конор и така се однесува тој. Конор е најдобар. Но, да бидеме реални, сега тој одредено време нема да има борби, зеде десет месеци слободно, бидејќи ќе биде татко, но и понатаму сите се зборува за него. Едноставно е најдобар, особено во такви работи и никој никогаш не бил подобар. Што се однесува до појасот, вусшност ние никогаш не го одзимаме појасот, тоа е негов појас. Не можеш на хекого да му го одземеш постигнувањето. Освои два појаси и ги држеше во исто време.Тоа не го постигнал никој друг освен него. И никој не го победи за да му го одземе појасот. Значи, тој има право самиот себе да се нарекува шампион на два категории“.
На кратко, кога некој борец ќе освои појас, тој му останува во трајна сопственост, па така и на Мек Грегор двата ќе останат негови. Но, доколку сака пак да биде шампион на перолесна категорија, ќе треба да се спушти во неа и да се бори против оној кој во тој момент ќе биде шампион во категоријата.
Ако се покаже точна прогнозата на Дана Вајт, тогаш не би требало да очекуваме да го видиме Мек Грегор повторно во акција најрано пред следниот септември.