Вајт посака реванш со Поветкин во декември

Дилиeн Вајт беше брутално поразен со нокаут од Александар Поветкин викендов. Како и да е, на почетокот Вајт се бореше убедливо пред да се соочи со тешкиот аперкат на Русинот.

Сепак, поразениот боксер не се откажува и од менаџерот, Еди Херн, побара реванш оваа зима.

„Можеме ли да имаме реванш во декември? Ќе бидам подготвен. Тоа беше случајност што така ме погоди. Се борев во битката. Но, така е. Сакам реванш. Едноставно, такви се работите во тешка категорија на боксот“, рече Вајт.

https://www.instagram.com/p/CEN5Y-7JFER/?utm_source=ig_embed

Херн беше шокиран и од аперкатот на Поветкин во петата рунда.

„Не можам да верувам кога овој удар ја погоди целта, како да е изваден од филм. Битката заврши. Поветкин навистина не почнува добро.

Имаме клаузула за реванш. Ова беше првото нешто што го побара Дилиен. Сигурно ќе има реванш и ќе го видиме до крајот на годината“, потврди Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО