Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов пред неколку недели се пресметаа во Лас Вегас, и во кафезот и надвор од него, па сега jа чека казната од Спортската комисија на Невада, посебно Дагестанецот како предизвикувач на нередите. Но претседателот на УФЦ, Дана Вајт, не чекаше и откри кој ќе биде нареден противник на Нурмагомедов.
„Тони Фергусон е следен во редот. Тоа ќе биде навистина добра борба. Сакаме да ја организираме наскоро и ќе видиме дали ќе се реализира бидејќи многу работи зависат од суспензијата“, кажа Вајт.
Претходно Нурмагомедов и Фергусон требаше четири пати да се борат, но дуелите пропаднаа поради повреди на борците.