Вајт: Не го почитуваат Усман само тие што не разбираат ММА

Дана Вајт застана во одбрана на Камару Усман, кој смета дека навивачите не го почитуваат. Минатиот викенд во Лас Вегас, видовме како Усман го скрши Жилберт Барнс и ја забележа третата одбрана на титулата.

Кошмарот од Нигерија влезе во серија од 13 последователни победи во полусредна категорија, соборувајќи го рекордот на легендата Жорж Сент Пјер, кој има 12 победи. Претседателот на УФЦ рече дека луѓето што не го почитуваат Усман не разбираат ништо од боречките вештини.

„Секој што вели дека Камару Усман не е вистински борец, не разбира ништо од борбите. Нема проблем со тоа, затоа што можеби се личности кои следа спорт само за Конор Мек Грегор или некој друг. Меѓутоа, ако го познавате спортот и сметате дека Усман не е вистински борец, тогаш не разбирате ништо од борбите.

Тој мораше да ја добие почитта кај навивачите по битката со Ковингтон. Не можам да престанам да зборувам за оваа битка. Тоа беше една од најголемите битки што сум ги видел. Ако има луѓе кои не го почитуваат, тогаш ова е нивен проблем, не на Усман“, рече Вајт за оние кои не сакаат да го препознаат Усман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО