Чудовиштето од Сенегал доаѓа за Мариуш Пуџијановски на КСВ 59

Полската легенда Мариуш Пуџијановски извлече тежок противник за неговата следна бoрба со КСВ. 44-годишниот Полјак ќе ги одмери силите со легендата на сенегалското борење Серин Осман. Двајцата ќе се борат на КСВ 59 на 20 март во Полска.

Пуџијановски важи за еден од најдобрите спортисти на сила во историјата на овој спорт. Тој има многу награди и одлучи да влезе во ММА во 2009 година. Мариуш постави е со скор 13-7 (1) во ММА и дојде по победата над Ерко Јун со нокаут на крајот на 2019 година. Пуџијановски има добиено осум борби со нокаут, а сите негови порази се со завршница.

Осман, пак, има скор 2-0 во ММА и двете се со нокаут. Тој има 44 години и два пати ја има освоено титулата Крал на арената во сенегалското борење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО