Поранешниот двоен шампион во УФЦ, Конор Мек Грегор, се повлече од ММА, но Дана Вајт верува дека повторно ќе го видиме во кафезот.
Минатиот месец, 31-годишниот борец објави дека се повлекува по трет пат во последните неколку години. Малкумина веруваат во ова, со оглед на она што се случи во минатото. Конор имаше борба во почетокот на оваа година со Доналд Цероне во Вегас.
Мечот беше во полусредна категорија кој Мек Грегор го доби за 40 секунди. Ова беше прва негова победа во ММА по над 3 години, пртоа планираше да направи уште 2-3 борби годинава. За жал, Конор се пожали дека не се разбрал со УФЦ и реши да стави крај на кариерата.
Дана го познава многу добро и изјави дека на Мек Грегор немаат многу интересни битки, но во 2021 година можеме да го видиме во кафезот:
„Конор Мек Грегор во моментов е во пензија. Не би бил изненаден ако Конор се врати следната година и изрази желба да се бори со некого, откако ќе се знаат сите битки. Нема сомнение дека тој е еден од најдобрите во светот.
Она што се случува со Конор Мек Грегор е нешто што им се случува на сите борци кои стануваат многу богати. Тој е богат. Конор избира што сака да направи. Сега Мек Грегор е во време кога нема многу преостанати борби во ММА“, рече Вајт.
https://www.instagram.com/p/CCUPPBnJeBa/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CCYhNSbpU7t/?utm_source=ig_embed