Дана Вајт: Ќе му дадеме време на Хабиб да се опорави

Претседателот на УФЦ Дана Вајт нема да му отежнува на шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов.

Пред една недела, „Орелот“ го загуби татко му, кој неколку месеци се бореше за својот живот во воената болница во Москва. Се изгледаше позитивно во закрепнувањето на 57-годишната легенда, која го совлада коронавирусот, но во последните денови од животот претрпе два удари.

Абдулманап беше погребан во неговото родно село, кое во негова чест ќе биде преименувано во Манап.

„Ова беше ужасна вест и се чувствуваме многу лошо за тоа што се случи со Хабиб. Свесен сум за тоа колку го сакаше татко му и колку беа блиски. Ќе му дадеме време да тагува и да се опорави. Ќе има време да направи што и да одлучи. Во овој момент воопшто нема да се занимаваме со тоа.

Ќе го оставиме на мира. Нема да му пречиме. Ќе му треба време за да се опорави ментално. Треба да одлучи што ќе прави и кога ќе биде подготвен, ќе се разбереме“, порача Вајт.

https://www.instagram.com/p/CCMVAtNFfUj/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО