Вајт: Конор Мек Грегор не се пензионирал и ќе го направиме среќен (ВИДЕО)

Минатата недела, најголемата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор, објави дека се повлекува од ММА. Оваа одлука ја донесе, барем како што велеше тој, затоа што организацијата одби да му даде удел. Претседателот на организацијата Дана Вајт не верува дека одлуката на Мек Грегор е конечна и изјави дека има други начини на кои Мек Грегор може да заработи без да му даваат удел во УФЦ.

„Не верувам дека навистина се пензионира од ММА. Мислам дека постојат работи што ги сака Конор. Мое мислење е дека Конор сака да седнеме лице в лице и да се разбереме. Во следните неколку недели, најверојатно ќе го сретнам и ќе ги поправиме работите. Тој се осврна на темата за удел во УФЦ, но има други работи со кои може да го направиме среќен“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО