Вајт: Ќе го убедам Хабиб за уште една борба во ММА!

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, гори од желба да го врати Хабиб Нурмагомедов во октагонот на УФЦ. Тие ќе се сретнат за помалку од две недели во Абу Даби, каде што организацијата ќе ги одржи своите први настани за 2021 година.

На крајот на минатата година, Хабиб ја одбрани титулата со победа над Џастин Гејџи и најави повлекување од ММА. Тој беше многу емотивен, бидејќи татко му Абдулманап почина сосема неочекувано истата година.

Нурмагомедов откри дека и ветил на мајка му да престане и категорично изјави дека нема да се врати. Сепак, ова не му се допаѓа на Вајт, кој верува дека може да го привлече за уште една битка во организацијата.

УФЦ сè уште го држи Нурмагомедов на својата ранг-листа, каде е број 1, а Хабиб продолжува да и дава тестови на УСАДА. Ова не е соодветно за борец кој има намера да престане да се бори.

„Не знам како ќе тече нашата средба. Погледнете што направи Хабиб со Џастин Гејџи. Погледнете што стори со секој негов ривал. Хабиб има многу пари и повеќе не мора да работи. Не е лошо да се повлечеш на врвот. Тој сè уште може да заработи многу пари. Хабиб е во посебна ситуација.

Мислам дека треба уште еднаш да се бори и ќе го притискам колку што можам повеќе. Не знам кој ден ќе се сретнеме во Абу Даби, но наскоро ќе имам одговори за вас.

Хабиб помина многу и го загуби татко му, со кого направија се заедно. Тој сакаше Хабиб да направи 30-0 во кафезот. Како љубител на боречки вештини, сакам да го гледам во уште 10 битки“, изјави Вајт за НСП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО