Мајк Тајсон се сретна со „Планината“ (ВИДЕО)

Откако минатата година ја продолжи кариерата во рингот, сега боксерската икона Мајк Тајсон го направи истото и со филмските ангажмани.

„Железниот Мајк“ ќе се соочи со гигантот од серијата „Стронгмен“ (Силен човек) – Хафтор Бјорнсон во нов филм, кој треба да излезе оваа година. Филмот се вика „Пустински удар“, а во него Тајсон и Исланѓанецот, кои ја играа улогата на „Планина“ во серијата „Игра на тронови“ според романите на Џорџ Р.Р Мартин „Песна на оган и мраз“, се соочуваат со епски судир.

Ликот на Тајсон се вика Рик, а двоминутниот трелјер се гледа како тој преведува група луѓе преку пустината, а ги прелетува хеликоптер. Бјорнсон предводи група вооружени платеници кои ги гонат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО