Вајт го тужи ВБЦ заради борбата за светски првак во тешка категорија

ВБЦ потврди дека Дилиeн Вајт поднел тужба против боксерската федерација.

32-годишниот Јамајканец по правен пат ќе се обиде да ја осигура својата борба за светската титула во тешка категорија.

Вајт е привремен шампион и задолжителен предизвикувач. Според одлуката на ВБЦ мора да ја добие борбата за појасот до февруари 2021 година.

Промоторот на актуелниот шампион Тајсон Фјури, Боб Арум, веќе изјави дека ќе побара од федерацијата со седиште во Мексико Сити да ги откаже или барем да ги одложи натпреварите со задолжителните предизвикувачи за една година, за да отстапи место на попрофитабилните борби.

Фјури прво треба да се бори по трет пат против Дионтеј Вајлдер до крајот на годината, а потоа да оди на мечот за неспорен светски шампион во тешка категорија со Ентони Џошуа.

ВБЦ би можел Фјури да го постави Фјури за првак на „франшизата“ и така најлесно да го ослободи од задолжителната борба со Вајт, кој ја освои привремената титула со победа против Оскар Ривас минатиот јули.

Ова лето „Боди снетчер“ ќе се бори против Александар Поветкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON