Аманда Нунес размислува за пензионирање

Двојната шампионка на УФЦ, Аманда Нунес, планира да се пензионира од ММА. 32-годишниот Бразилка е со скор 20-4 во ММА и ги држи титулите во петел и перо категоријата. На почетокот од овој месец ја победи Фелисија Спенсер и ја одбрани титулата во перо. Аманда стана првиот двоен шампион што ги одбрани двете титули.

Нунес е во серија од 11 последователни победи и не загубила веќе 6 години. Аманда беше гостинка во бразилската ТВ-емисија „Еспорте Еспетакулар“ и ја отвори вратата за нејзиното пензионирање од спортот:

https://www.instagram.com/p/CBL1lA8gJpz/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

„Постигнав сè што сакав во ММА. Сега сум во ред и можам да продолжам понатаму со нешто ново. Можам да откривам нови таленти, да станам тренер и да им помогнам на девојчињата. Сега стигнав до точка кога можам да заминам во пензија, но можам и да се борам.

Во моментов нема што повеќе да се направи во категоријата. Дефинитивно ќе бидам во Куќата на славните на УФЦ. Животот оди напред, а ако застанам сега, од УФЦ ќе ми ја дадат потребната поддршка“, изјави Нунес.

Ова не е прв пат да зборува за пензионирање од ММА. Нунес пред неколку години рече дека ќе се повлече од ММА, но има уште неколку борби. Сега очекува бебе со партнерката Нина Ансароф, која по потекло е од Струмица, и ова очигледно ќе биде пресврт за неа во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО