Дилијан Вајт (23-1, 17 КО) објави изненадувачки противник за неговата следна борба.
30-годишниот Јамајканец на 28 јули во Лондон ќе се бори со поранешниот шампион во тешка категорија на ВБО, Џозеф Паркер (24-1, 18 КО).
Вајт имаше опции да се бори со Луис Ортиз или Кубрат Пулев за местото задолжителен предизвикувач на ВБЦ и ИБФ, но се одлучи на борба со Новзеландецот.
Паркер во март го доживеа првиот пораз во кариерата. Изгуби со едногласна одлука од Етони Џошуа и остана без титулата светски шампион. Ова ќе му биде трета борба по ред во Велика Британија.
Вајт последен пат, исто така, боксираше во март и тешко го нокаутира поранешниот ВБА шампион Лукас Браун.
„Ќе има крв, болка и нокаут. Возбуден поради ова. Тој е добар борец, но не покажа многу храброст против Џошуа. Сакам да биде поодважен, а не да бега. Но, тој знае дека ако се бори со мене ќе заврши брутално нокаутиран. Оваа победа би требало да ми гарантира борба за титулата светски шампион“, рече Вајт.