Мек Грегор го извисил Дана Вајт

Конор Мек Грегор му „врза машна“ на шефот на УФЦ, Дана Вајт. Ирецот пред две недели во Ливерпул требаше да се сретне со шефот на најмоќната организација во светот, поради што Вајт го направи невообичаеното патување во Европа.

Според британскиот дневен весник, Конор бил спречен од лични проблеми. Тие не се споменати.

Се очекува нова средба меѓу Вајт и Мек Грегор што е можно поскоро. Таа ќе се одржи во Лас Вегас. Главната тема ќе биде враќањето на Конор. Тој има две опции: првата е да се бори во реванш-меч против Флојд Мејведер, дуелот што ќе се спроведе во октагон; другата е судир со Хабиб Нурмагомедов, иако овој веќе крева раце од него.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО