Вајт го моли Иран да не го погубува младиот борач и го повикува Доналд Трамп на помош (ВИДЕО)

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, се обидува да стори се што може да му го спаси животот на Навид Афкари.

Познатиот 27-годишен ирански борач Афкари е осуден на дури две смртни казни за убиство на редар на протестите што се одржаа во 2018 година во Шираз. Но, некои медиуми, вклучително и Би-Би-Си, истакнуваат дека постои сомневање оти признанието на Афкари дошло по тортурата.

И активисти за човекови права тврдат дека успешниот борач протестирал мирно и дека не треба да се размислува за егзекуција.

А се огласи и Вајт, кој преку видео порака побара од Иран да го поштеди младиот спортист и го повика американскиот претседател Доналд Трамп на помош.

„Учествуваше на мирен протест и поради тоа ќе биде погубен. Тој е човечко суштество и е еден од нас, може да биде секој од моите борци. Единственото нешто што мислев дека можам да го направам е да му се јавам на претседателот и да видам дали може да помогне Тој ми рече дека ќе погледне за што станува збор и ќе види дали може да направи нешто за да му го спасам животот. Денес претседателот објави „твит“ што можете да го видите на ова видео. Ќе кажам дека и јас, понизно и со почит, ги прашувам претставниците на иранската влада да не го погубат овој човек“, рече Вајт.

https://www.instagram.com/tv/CEsh7pbgZgc/?utm_source=ig_embed

„Слушам дека Иран има намера да погуби брилијантна и популарна бореча ѕвезда, 27-годишниот Навид Афкари. Единственото нешто што го направил е тоа што учествуваше на протест против владата, протестирајќи против влошената економска состојба и инфлацијата во земјата“… Ирански водачи, многу би го ценел тоа ако го поштедите животот на овој млад човек. Ви благодарам! – пореча Трамп во својот коментар за оваа ситуација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО