Вајт го бојкотираат отворениот тренинг (ВИДЕО)

Дилиен Вајт одби да се појави на отворен тренинг пред борбата со Тајсон Фјури. Предизвикувачот за светската титула на ВБЦ го продолжува бојкотот на промотивните настани пред мечот меѓу двајцата што ќе се одржи на 23 април пред повеќе од 90 илјади гледачи на стадионот „Вембли“ во Лондон.

„Крадецот на трупови“ рече дека нема да учествува на тренингот денеска, а причината – тоа не е задолжително. На Вајт му се гарантираат 7 милиони долари приход за мечот со шампионот. Доколку ја освои титулата ќе додаде уште 5 милиони, а отворено призна дека не сака да промовира и носи пари на менаџерите на Фјури и да заработуваат на негов грб.

Од друга страна, Тајсон не само што се појави, туку и ги изненади фановите со својот настап. „Кралот на Ромите“ дефинитивно ослабен, но повпечатливо беше што боксираше со обратен гард. Тој направи скоро три рунди на тренинг, во кои водеше неговата десна рака.

„Сите знаеме дека имам сила во двете раце. Можам да победам со десна-десна или лева-десна, не е важно. Подготвив многу изненадувања кои ќе ги видите во рингот во сабота навечер“, прокоментира Фјури на овој потег.

Не беше изненаден од отсуството на Вајт од тренинзите, но сигурно ќе го види на прес-конференцијата во среда.

„Дилиен ќе дојде таму, ќе се соочиме и готово. Не очекувам да се случи нешто несекојдневно. Ова е бокс, ќе се сретнеме во рингот во сабота. Бидете сигурни дека ќе има нокдаун, не знам за нокаут. Но, нема да бидам на подот, тоа е загарантирано“, избувна Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО