Вајлдер за маската кој ја носеше на мечот со Руиз плати 16.000 долари

Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер мината дабота ја одбрани титулата во верзијата ВБЦ во тешка категорија. Тој во Лас Вегас го нокаутира Кубанецот Луис Ортиз, во седмата рунда, а бронзениот бомбардер големо внимание привлече со начинот на кој влезе во рингот.

Вајлдер се појави со златно – сребрена круна и маска за која искешира повеќе од 16.000 долари. Ги носеше нешто помалку од пет минути и изјави дека оваа маска повеќе никогаш нема да ја носи иако многу скапо ја плати.

-Сакав да излезам како модерен крал, витез. Сакав да се претставам како новиот јас. Минатото е минато, добродојдовте во иднината. Тоа беше комплетна идејаи беше неверојатно. Едвај го чекам новиот костум, кој ќе биде подобар од овој, изјави Вајлдер и додаде:

-Овој костум чинеше околу 16.000 долари, ама веќе нема да го носам.

Можноста да го претстави новиот уникатен костум Вајлдер ќе има на 22 февруари кога повторно ќе влезе во рингот со Тајсон Фјури на 22. февруари наредната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО