Вајлдер стана светски првак во ВБЦ верзија! (ВИДЕО)

wilder prvak

Дионтеј Вајлдер го потврди својот квалитет во најтешкиот испит во кариерата, за да стане ВБЦ светски боксерски шампион во тешка категорија. Со одлука на судиите, по 12 брилијантно тактички одработени рунди победи против поранешниот шампион Бермен Стиворн.

 Вајалдер со причина е возбуден, заклучок кој може да се донесе по најтешкиот испит неговата кариера досега. Новиот Светски боксерски шампион ги замолчи критичарите и луѓе што се сомневаа во него, гордо и заслужено, го понесе единствениот елитен појас тешка категорија, кој не е во сопственост на Владимир Кличко.

 Тоа не беше меч од типот на Вајлдер, бидејќи во претходните 32 меча, сите противници ги нокаутираше пред крајот на четвртата рунда. Тоа беше тактички брилијантно одработен меч, при што Вајлдер целосно да ги искористи своите предности и физички атрибути. Од дистанца собираше поени и не дозволи на Хаиќанецот да дојде во позиција од каде што може да го нападне.

 Може да се каже дека одлучи предниот директ на Вајлдер, за кој Стиворн немаше решение. Новиот шампион успешно ја комбинираше предноста од 13 сантиметри во висина и екстремно долгите раце, заедно со тактиката што ја постави неговиот тим. Токму со директот го напаѓаше противникот, не дозволувајќи Стиворн да направи можност за сериозен напад. Можеби навивачите ќе кажам дека ова не е вистинскиот Вајлдер, бидејќи тие се навиканти да гледат еден човек кој ги тера луѓето да одат на неговите борби, но, всушност, токму на овој меч тој докажа дека е доволно зрел борец, подготвен за најголемите предизвици.

 Еден судија на Вајлдер му даде победа во сите 12, еден во 11, а третиот судија во десет рунди, а во седмата рунда кај сите тројца судии резултат беше 10-8.

Вајлдер стана првиот непоразен Американец со светска титула во ВБЦ, уште од времето на Ридик Боу во 1992 година. Ќе биде интересно да се види што е следниот предизвик, но се претпоставува дека пред можен предизвик од Владимир Кличко, барем еднаш да се обиде да ја одбрани титулата.

 Вајлдер досега има резултат 33-0, кој го потврди против крајно сериозен противник, а тој има само 29 години. На Бронзениот Бомбардер навистина никаде не му се брза, неговото време доаѓа.

http://youtu.be/TDFV9GpBbjA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО