Мајк Тајсон сака да се бори со Владимир Кличко! (ВИДЕО)

Zelezen Majk

Актерот, писателот, поранешeн затвореник, ѕвездата на мултифилмови и поранешен светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, планира да се врати на рингот и да боксира за светската титула во следниот месец на 48-годишна возраст. А во моментов, светски шампион е Украинецот, Владимир Кличко, кој ќе се обложи против Тајсон на 3 шампионски појаси.

„Кој е овој Владимир Китч . . . Киско . . . Китикет некаков, праша Мајк Тајсон во салата полна со новинари , обидувајќи се да ги насмее. На мене ми треба да го барам на „гугл“, јас немав поим каков е овој шампион. Боксот има потреба од мене, бидејќи никој нема да бара на гугл кој е Мајк Тајсон. Јас сум најпознатиот спортист не само во боксот, можеби и во целиот свет, а тоа е дури и поради тетоважата на лицето. Таа впрочем и досега си е на место. По ѓаволите, јас дури нема да тренирам многу пред борбата. Ќе видите, јас ќе го нокаутирам со еден удар“!

Klicko muskul

„Моето момче , мојот Железен Мајк се враќа. Без бокс страдаше , рече легендарниот промотор Дон Кинг. Никој не е заинтересиран за бокс, сите се замешани во мешаните боречки вештини. Тажно е што прегратките на двајца мажи на душеци се повеќе популарни од боксот. Затоа јас и Мајк решивме да се вратиме. Не слушајте го Мајк кога ви зборува дека ова го прави само за парите. јас ќе му земам 70 проценти и на него малку ќе му остане. Оваа борба е за спортска гордост, за гордоста на Америка. Оваа борба ќе покаже дека возраста е само бројка и никогаш не е доцна да го остварите својот сон. Но и парите се важни“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО