Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ – Дионтеј Вајлдер, гостуваше на подкаст „Ток спорт“ и зборуваше главно за неговиот иден ривал. Следниот февруари, „Бронзениот бомбардер“ и Тајсон Фјури ќе влезт во рингот по нерешниот резултат во декември 2018 година.
Вајлдер влезе во салата во негов типичен стил со извици и насмевка.
„Со вториот удар во гонгот ќе го нокаутирам уште побрзо“, рече Дионтеј.
„Овој пат нема да биде, јас ти ветувам. Кога го соборив, дури и не знаеше како да се разбуди. Не се сеќава на ништо од паѓање или станување. Неговото семејство не сака да се бори со мене и јас ги разбирам. Има причина да се загрижени“.
„Јас сум најтешкиот нокаутер, најверојатно, во целата историја, точка. Благословен сум со сила и знам каде да ударам. Луѓето често ја игнорираат мојата страотна техника во рингот. Боксерските вештини“, вели Вајлдер.
Досега неговиот скор како професионалец е 41-0 (1 нерешена).
„Крошеа, дрикети. Лев, десен – сето тоа го правам идеално. Треба да имаш многу добра техника, за да ги ги нокаутираш своите противници со такви комбинации. Не е важно колку сум паметен во рингот. Но тоа е нормално, критичарите се секогаш повеќе. Сите повторуваат едно и исто, како папагали“, рече шампионот на ВБЦ.