Вајлдер со порака за Фјури пред реваншот: Дефинитивно ќе биде кратка ноќ

Дионтеј Вајлдер ја вжешти атмосферата во очекување на реваншот против Тајсон Фјури, откако утрово ја следeше борбата на Британецот против Ото Валин. Според шампионот на ВБЦ, Фјури не е истиот боксер и токму тој ја завршил неговата кариера.

„Секој што го гледаше овој меч, ќе разбере и ќе признае дека не е истиот борец. Тоа е она што го правам – ставам крај на нивната кариера. Јас сум најлошата личност на планетата, тој не е истиот борец откако му нанесов потрес на мозокот“, рече Вајлдер, а го пренесе „Мирор”.

„Бронзениот бомбардер” додаде дека едвај ја чека борбата против „Кралот на ромите” и дека тој не го видел најдоброто од него.

„А тој беше во најдоброто свое светло. Реваншот ќе биде толку различен. Ото Валин доби добра борба. Најимпресиониран бев кога му ја пукна аркадата на Фјури. Дури се обиде да му го извади окото во еден момент. Ќе му треба повеќе од ромска вуду кукла, повеќе од ромска магија кога ќе излезе со мене. Дефинитивно ќе биде кратка ноќ“, заврши американецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON