Вајлдер сака прво да се бори со Фјури, па дури потоа со Кличко

deontay-wilder

Новиот светски шампион во бокс во верзијата на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Дионтеј Вајлдер рече дека сака следната борба да му биде против Тајсон Фјури. Британецот Фјури постојано изјавува дека има желба да се боксира со Вајлдер, ако тој го освои шампионскиот појас.

 Другиот кандидат за меч со Вајлдер е Украинецот Владимир Кличко, кој е светски шампион на три федерации – Светската боксерска асоцијација , Светската боксерска организација и Меѓународната боксерска федерација.

 Но, Вајлдер изрази желба борбата Владимир Кличко да биде за обединување на титулите, откако ќе го победи Британецот Тајсон Фјури.

Синоќа Вајлдер ја освои титулата откако го победи Канаѓанецот Бармејн Стиворн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО