Мек Грегор го нокаутираше Сивер во втората рунда!

mcgregor zastava pobjeda

УФЦ Фајт најт 59 во Бостон беше завршен на таков начин како и што да се очекуваше. Денис Сивер не е од класата Конор Мек Грегор, а Ирскиот борец ја заврши борбата со нокаут во втората рунда. Она што го одбележа крајот на настанот се чудните и контроверзни судиски одлуки, со кои победа дојдоа Доналд Кероне, Глеисон Тибо и Кетехел Пендред.

 Конор Мек Грегор е новиот предизвикувач во перо-лесна категорија. Ирецот го направи тоа што беше поставено пред него и ја заврши серијата на победи, која го доведе до она што беше најавено, борба за титулата. Некои ќе речат дека патот беше премногу лесен, но никој не може да го оспори фактот дека Мек Грегор сето тоа го направи на доминантен начин. Пет победи, четири со нокаут, а само Макс Холовеј е поразен со студиска одлук.

 Денис Сивер беше храбар, но сепак недостоен противник. Тој се обиде, ја прифати отворената борба, но немаше одговор за неверојатна разновидност за да стане нов предизвикувач. Конор постојано изнаоѓаше нови удари со кои му нанесуваше штета. Сивер ја издржа првата рунда, во која и тој имаше добри удари, во втората рунда се беше готово.

 Колку беше разнишан Сивер покажа ударот со кој беше соборен. Директот не изгледаше дека е силен, но нозете на Сивер ја одбија послушноста. Херб Дин ја пушти борбата да продолжи, но Конор многу лесно дојде до целиот плен, од каде што пласираше уште неколку удари, а Дин тогаш ја прекина борбата. Мек Грегор веднаш по тоа скокна од кафезот, се стрча до Хозе Алдо, кој стоеше од страна со неговата девојка и се обиде да му се внесе во лице, но шампион сето тоа го пропрати со насмевка на лицето. Џо Роган се обиде да го донесе Бразилецот во кафезот додека Конор даваше изјави, но Алдо не го прифати тоа. Тој има намера да се појави во кафезот кога ќе дојде денот на мечот.

Еве ги сите резултати од УФЦ фајт најт 59:

 Конор Мек Грегор го победи Денис Сивер со TKO (2 рунда , 1:54)

Доналд Кероне го победи Бенсон Хендерсон со судиска одлука

Јурај Хол го победи Рон Сталингс со TKO (лекарска забрана, 1 рунда, 3:37)

Глејсон Тибо го победи Норман Парке со судиска одлука (29-28, 28-29, 29-28)

 Кетхол Пендред го победи Шин Спенсер со судиска одлука (30-27, 30-27, 29-28)

Лоренс Ларкин го победи Џон Хаурд со TKO (1 рунда, 2:17)

Крис Вејд го победи Занг Липенг со судиска одлука (30-26, 30-26, 30-26)

Патрик Холохан го победи Шејн Хаувел со судиска одлука (30-27, 30-27, 30-27)

Џони Кејс го победи Френки Перез со TKO (3 рунда, 1:54)

Чарлс Роса го победи Син Сориано со клуч (D’Arce Choke, 3 рунда, 4:43)

 Шин О Конел го победи Мат ван Бурен со TKO (2 рунда, 3:11)

Хоби Санчез го победи Татеки Мацјудај со судиска одлука (29-28 , 28-29 , 30-27)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО