Џенингс: Се е договорено за мечот со Кличко!

243

bryant-jennings

Американскиот боксер Брајант Џенингс објави дека неговиот тим постигнал договор за мечот со Владимир Кличко. 

Според прелиминарната програма, средбата ќе се одржи во Њујорк, САД, на 25 април. Тоа ќе биде првиот натпревар на украинскиот боксер, во чија сопственост се шампионските појаси на ВБА/WBA, ВБО/WBO, ИБФ/IBF и ИБО/IBO, откако во ноември го нокаутира Кубрат Пулев.

 „Ќе се случи. Се е договорено. На 25 април во Медисон Сквер Гарден во Њујорк“, изјави Брајант Џенингс за Boxingscene..