Вајлдер: Поветкин да биде дисквалификуван, а јас си ги сакам моите 4.6 милиони долари или ќе ги тужам

Vajlder se dere

Светскиот шампион на ВБЦ во супер тешка категорија, Дионтеј Вајлдер, смета дека Русинот Александар Поветкин заслужува да биде дисквалификуван поради употребата на забранетата супстанца мелдониум, наод што беше откриен при допинг тест.

„Многу сум разочаран. Тие го украдоа мечот, и не само на мене и моето семејство, туку на сите фанови ширум светот кои со нетрпение го очекуваа. Тие се обврзани да ми го платат мојот хонорар во целост, а Поветкин треба да биде дисквалификуван!

Не чувствувам ниту капка почит кон спортистите кои се обидуваат со измама да дојдат до врвот. Воопшто не разбирам дали може да биде мирен и даживее со тоа, знаејќи дека си примил нешто со измама. Како може да се гледа во огледалото? Условно кажано, сакаше да излезе против мене со нож, а јас да се борам со него со голи раце“, изјави Вајлдер за интервју за „Њујорк тајмс“.

Шампионот на ВБЦ требаше да добие 4,6 милиона долари за борбата во Москва,но поради паѓаеето на Русинот на допинг тестот го сака полниот износ. Тоа би му била рекордна заработувачка.

„По правен пат ќе ги бараме моите пари. Си ги сакам моите пари. И понатаму ги сакам моите пари за оваа борба. Направив се што требаше. Го заслужив. Би требало да бидам компезиран и така треба да биде. Напнато ја чекаме конечната пресуда на ВБЦ. Да се надеваме дека ќе ја направат вистинската работа и дека ќе завршиме со ова„, рече Вајлдер за Тускалуз њуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON