Вајлдер потпиша договор за мечот со Поветкин

Diontej vajlder vo crven dres

Шампионот на Светскиот боксерски совет во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер (САД) го потпиша договорот за мечот со Александар Поветкин (Русија). Супер дербито меѓу двете ѕвезди ќе се одржи на 21 мај во Москва.

Промоторот на Русинот – Андреј Рјабински победи на тендерот за спроведување на средбата, откако на маса стави 7.1 милиони долари. Сепак, средбата не беше сигурна до последен момент, бидејќи Американецот се забави со потпишувањето на договорот.

„Сега со сигурност ќе се одржи средбата. Мојата задача е исполнета. Сега сè е во рацете на Поветкин. Александар ќе стори сé за да победи. Неговиот ривал е многу силен. Натпреварот е 50:50“, изјави Рјабински.

Вајлдер има импресивни 36 победи од 36 натпревари, додека 35 од нив се со нокаут. Билансот на Поветкин е 30 победи (22 со нокаут) и 1 пораз од Владимир Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО