ВБЦ шампионот во тешка категорија Дионтеј Вајлдер очекува брутален нокаут на средбата со Тајсон Фјури – двајцата тешкаши ќе се борат на 1 декември во Лос Анџелес.
Вајлдер (40-0, 39 КО) досега ги нокаутира сите свои противници во рингот.
Само Бирмејн Стиворн успеа да ја издржи и да ја дочека одлуката на судиите, а тој беше нокаутиран за време на нивниот реванш во 2017 година.
Фјури (27-0, 19 КО) ги освои сите титули во категоријата со победата над Владимир Кличко во 2015 година.
Подоцна, сепак, ги загуби и остана неактивен повеќе од две години, враќајќи се во април оваа година. Оттогаш постигна две победи и е 100 отсто подготвен за Вајлдер.
Сепак, Вајлдер очекува да му нанесе голем удар на противникот.
„Веќе го гледам. Не знам колку рунди ќе ми требаат, но претпоставувам ќе биде до крајот на средбата. Зависи колку брзо ќе се адаптирам на неговиот стил. Ако го направам, тоа ќе биде ексклузивен нокаут.”
„Фановите го заслужуваат. Ова ќе биде еден од оние нокаути од кои ќе му се заврти целото тело пред да падне на земјата. Ќе биде возбудливо – немам трпение. Не станувајте од своите места, бидејќи тоа може да го пропуштите“.
Вајлдер признава дека има добри односи со Фјури, но во такви односи бил и со Малик Скот, кого успеа да го нокаутира во првата рунда.
„”Со Тајсон сме пријатели, но нема ништо наместено. На рингот нема да обрнуваме внимание на пријателството – влегуваме како борци. Ако се присетите на нокаут над Малик Скот, Малик ми беше како брат“.
„Ќе ми биде интересна трансформацијата од Дионтеј Вајлдер во Бронзен Бомбардер против Фјури. Оваа средба ќе ги оправда сите очекувања. Ќе го разбудам ѕверот во себе и ќе му го наплескам газот на Фјури во најголемата средба на земјата“.