Вајлдер нема среќа – и овој противник е допингуван

Vajlder pozira

Светскиот шампион во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер, повторно остана без противник, откако уште еден негов ривал е позитивен на допинг тест.

Бронзениот бомбардер требаше да се сретне со Полјакот Анджеј Вавжик на 25 февруари, но предизвикувачот дал позитивен допинг тест, односно имал присуство на забранети супстанции во крвта.

Според некои извори, се уште опција за нов противник на Вајлдер е непоразениот Цералд Вашингтон. Во план беше 34-годишниот Вашингтон истата вечер да настапи, но не му беше пронајден ривал.

Кој и да биде избран за ривал на Дионтеј Вајлдер, не се очекува да биде на највисоко ниво. За шампионот тоа ќе биде прв дуел откако беше подложен на операција на раката, а разбирливо е што неговиот тим сака да го пушти против послаб противник.

Вјалдерr очигледно нема среќа во овој поглед. Во мај тој требаше да се бори со Александар Поветкин во Москва, но и рускиот боксер не успеа да ги помине допинг тестовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО