Вајлдер му порача на Џошуа: Ако мислиш на мене сега, ќе бидеш во голема неволја

Се поблиску сме до големиот боксерски настан во Саудиска Арабија.

Настанот во Ријад е предводен од борбите на поранешните светски шампиони Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер, Британецот ќе боксира против Ото Валин, а Бронзениот бомбардер ќе се пресмета со Џозеф Паркер.

Доколку Еј Џеј и Вајлдер ги победат противниците, тогаш ќе ги тргнат и последните пречки пред пресметката која беше најавена за март следната година.

Пред настанот, американскиот тешкаш го предупреди Џошуа дека влегува во рингот со многу опасен противник и му порача сам да размислува за Валин.

„Џошуа треба да победи, но мора да влезе во мечот со чиста глава. Ако влезе во рингот полн со самодоверба, тогаш ќе победи. Не смее да размислува за ништо друго освен за оваа борба. Ако мисли на мене, ќе се најде во голема неволја“, изјави Дионтеј Вајлдер и додаде:

„А ако победиме и двајцата, тогаш ни претстои голема борба. Ќе признаам, ми се допаѓа што Еј Џеј прво ќе се бори со Валин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО