АктуелноБоксПрофесионален

Вајлдер му го расипа збогувањето на Чисора во Лондон

Дионтеј Вајлдер му ja одзеде финалната приказна во кариерата на Дерек Чисора по победата со поделена одлука во спектакуларниот судир во О2 арената во Лондон.

Бронзениот бомбардер покажа знаци на враќање во својата најдобра форма по серијата тешки порази по трилогијата со Тајсон Фјури.

Борбата под Милениумската купола беше рамномерна и полна со размени, а судиите ја оценија со 115-111, 115-113 во корист на Вајлдер и 112-115 за Чисора.

Американецот покажа доволно ефикасност во клучните моменти за да ја за победатата да превагне во негова корист, иако борбата остана исклучително контроверзна до самиот крај.

Победата дава нов импулс на кариерата на Вајлдер, иако неговите амбиции за уште една светска титула изгледаат тешко остварливи во оваа фаза.

За Чисора, поразот веројатно ја завршува неговата долга кариера, која кулминира со уште една незаборавна борба пред британската јавност.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON