Преговарачката сага на Дионтеј Вајлдер-Ентони Џошуа почна да наликува на Храбриот и убавиот бидејќи не поминува ден без двајцата да се предизвикуваат еден со друг, а од година во година нивното ривалство е само на зборови, а не на дело.
Еве уште еднаш сме принудени да гледаме како двајцата си се закануваат, сега на ред е Бронзениот бомбардер.
„Ентони, го слушаш тоа лично од мојата уста. Тука сум, подготвен сум, ајде да го направиме тоа. Го послушав твојот промотер како вели дека мојата последна борба била кратка и не сум се борел една година, но не знае дали сакам да се борам или не. Ти кажувам овде и сега кога сум подготвен. Сакам да влеземе во рингот и да го поминеме најдоброто што може. Ќе биде огромна катастрофа ако не се сретнеме во рингот и оставиме трага во историјата, брат. Сакам кога луѓето мислат на класични борби, тие мислат на нас. Да го направиме тоа што го правиме најдобро во рингот, бидејќи тоа е поентата“, изјави Американецот за Токспорт.
Тој ги оспори и шпекулациите дека „Еј Џеј“ не бил подготвен за ваква борба. Сепак, и двајцата повеќе не се шампиони и ја отстапија можноста Тајсон Фјури и Александар Усик да преговараат за меч за одредување на неприкосновен шампион на дивизијата.
Еди Херн претходно призна дека разговорите со Саудиска Арабија за судирот во декември пропаднале бидејќи домаќините го пренасочиле фокусот на Фјури и Усик. Алтернативите, пак, не ги понудија истите финансиски параметри и тоа го одложи целиот процес со месеци.