Вајлдер: Борбата со Фјури ќе биде тешка за мене отколку што се очекува

Дионтеј Вајлдер во саботата покрај рингот во Белфаст ќе ја следи борбата на Тајсон Фјури со Франческо Пијанета.

Се очекува Фјури да го победи Италијанцот и потоа шампионот на ВБЦ да влезе во рингот и официјално да ја најават борбата. Вајлдер и Фјури веќе се соочија во рингот по победата на Американецот против Артур Шпилка во 2016 година.

„Морам искрено да признаам дека борбата со Фјури биде тешка за мене отколку што очекуваат луѓето. Фјури е еден од најдобрите, а јас само сакам најдобрите да се борат со најдобрите“, рече Вајлдер.

„Ќе биде тоа добра вечер, се радувам на доаќањето во Белфаст“.

„Фјури може даму зададе проблем на секого. Висок е, има голем распон раце и е непријатен. Борбата би требало да заврши во средните рунди. Не верувам дека ќе оди до крај. Дефинитивно ќе заврши со нокаут, тоа е она што го правам јас. Ќе биде тоа голема борба. Тој ќе дојде во форма. Тој сеуште е непоразен вистински (линеален) шампион и така го третираме. Сериозно го сфаќам“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON