Седумина боксери на Јуниорскиот национален куп во Врбас

 

Седумина македонски боксери ќе учествуваат на 2.Јуниорски национален куп во Врбас, Србија, од 15 до 19 август.

Под водство на селекторот Петре Чурлиновски и тренерот Васко Цубалевски боите на Македонија ќе ги бранат: Ахмет Јашаров (-48 кг), Елез Асанов (-52 кг), Илхан Озмен (-54 кг), Алпај Демиров (-60 кг), Селџук Озмен (-63 кг), Трајче Илиоски (-63 кг) и Адријан Аземи(+80 кг).

На турнирот кој е во календарот на ЕУБЦ ќе настапат 173боксери од 21 држава од Европа во машка (125) и женска конкуренција (48).

Се работи за млади и перспективни боксери кои за прв пат ќе имаат можност да се сретнат со боксери од Русија, Унгарија, Турција и другите моќни земји, а секоја победа ќе биде успех за младите боксери. Ова ќе биде и трет тест за ЕП во Анапа – Русија, од 8 до 17 октомври, пред се за Елез Асанов и Аппај Демиров кои се најискусни во овој состав.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО