Вадим Немков: Федор преговара за бокс меч со Мајк Тајсон

Шампионот на Белатор во полутешка категорија Вадим Немков (16-2) откри дека се водат преговори за боксерски меч меѓу легендите Федор Емелијаненко и Мајк Тајсон. Немков е штитеник на Емелијаненко, го тренира и стои во неговиот агол за време на борбите.

Емелијаненко се повлече од ММА оваа година, откако загуби од Рајан Бадер. Неодамна Федор изјави дека сега планира бокс мечеви, а во дебитантската борба за противник го сака Мајк Тајсон. Федор сака тоа да се случи во октомври во Саудиска Арабија.

Мајк моментално го тренира Френсис Нгану кој ќе се бори со Тајсон Фјури. Вадим истакна дека боксерскиот меч меѓу Федор и Тајсон ќе ни ја покаже убавината на боксот.

„Мајк Тајсон е Мајк Тајсон, тој е боксерска легенда. Тоа е неговата тема, ќе биде опасен на која било возраст. За Федор Емелијаненко ова е нов предизвик, а не негов елемент.

Иако Федор своите последни борби ги помина главно во стој. Ќе биде интересно. Моето разбирање е дека се водат разговори за ракавиците да бидат поголеми од 10 унци. Тоа е малку поинакво, различен ритам.

Мислам дека е потешко да се нокаутира со овие ракавици и само ќе ја гледаме убавината на боксот. Зошто да не гледате како се борат две легенди? Ја имаме оваа можност да го гледаме во живо, а не некаде на снимка.

За десет години ќе речат дека Тајсон се борел со Федор. Луѓето ќе го вклучат видеото и ќе го гледаат, но ние сега имаме можност да гледаме“, вели Немков во интервјуто со новинарот Игор Лазорин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО