Утре во Скопје ќе се одржи Меѓународниот боксерски турнир „Арена куп“

Утре во Скопје ќе се одржи Меѓународниот боксерски турнир „Арена куп“ во организација на БК Чаир.

Турнирот ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 14 часот, а влезот е слободен.

А првиот човек на БК Чаир Фатон Слиху вели дека се е подготвено за турнирот на кој ќе настапат боксери од Македонија, Косово, Албанија и Бугарија. На програната ќе има околу 20 борби.

Ова е прилика за македонските боксери да ги одмерат силите со конкуренцијата од регионот.

Минатата година „Арена куп“ прв пат се организираше, а боксираа кадети и јуниори.

Планот е „Арена куп“ да се регистрира и во календарот на ЕУБЦ и да биде ИБА трунир за младинци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON